Преку Шведска до финалето
24 јуни 2006Ние сме апсолутно уверени , дека позитивно ќе ја завршиме сета оваа тешка работа и оти ќе победиме на натпреварот. За се друго нема никакво место во нашите глави.
Со вакво убедување Селекторот на германската репрезентација Јирген Клинсман го дочекува првиот осминафинален меч на Мундијалот , меѓу домашната репрезентација и Шведска, кои денеска играат во Минхен
Впрочем со него се согласува и речиси секој Германец кој ќе го сретнете денеска со маичка, шал или знаме на националниот тим , во баровите ,рестораните , пред големите платна на плоштадите . Фудбалската треска не знае за граници или можеби тоа е не е докрај точно .
Границата е Берлин и финалето...
Во вториот денешен осминафинален натпревар- вистинска латиноамериканска класика . Во 21 часот во лајпциг, репрезентациите на Аргентина и Мексико ќе ја започнат трката за пласман меѓу 8-те најдобри екипи на првенството.