1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

210509 USA Terrorismus

22 мај 2009

Американската федерална полиција ФБИ во Њујорк уапси четири лица поради сомнение дека подготвувале терористички напади во Њујорк. Цел требало да бидат една синагога и еврејска општина, како и американски воени авиони.

https://p.dw.com/p/Hv0r
Фотографија: AP

Најголемиот едел од луѓето во Ривердејл, во западниот дел на Бронкс, од медиумите дознаа дека нивниот скромен кварт требало да биде место на крвав терористички напад.

„Сме имале најдобра заштита, без да знаеме дека имало неопходност од тоа“, вели рабинот Џинатан Розенблат од локалната еврејска општина, пред која, според плановите на несудените терористи, требало да експлодира автомобил-бомба.

Плановите траеле една година

Предводник на терористичката група осомничена за планирање терористички напади, според полицијата ФБИ, е Џејмс Кромајти, син на доселеник од Авганистан. Четворката наводно од пред повеќе од една година работела врз планирањето на нападите, чии цели требало да бидат еврејски установи во Њујорк и воениот аеродром во Њубрг, на околу 100 километри северно од Њујорк. Но, осомничените за терор не знаеле дека трговецот со оружје, од кого купиле експлозив и ракети за противвоздушна одбрана, всушност, бил информант на ФБИ. Исто така и набавениот материјал бил само безопасен имитат и кога осомничените сакале да ја постават наводната бомба на местото каде требало да биде изведен замислениот напад, полицијата ги уапсила.

„Бомбите беа составени од техничари на ФБИ и беа целосно безопасни. Никој не беше вистински загрозен“, изјави Реј Кели, шеф на њујоршката полиција.

Festnahmen in New York
Апсење на осомниченитеФотографија: AP

Антисемитизам и омраза кон Американците

Според првите наводи на истрагата, мотив на сторителите бил антисемитизам, но планираните напади биле поврзувани и со омраза поради американската воена интервенција во Авганистан. Полицијата ги претреса и становите на уапсените. Сите и’ биле веќе претходно познати на полицијата поради деликти со дроги. тројца од нив, наводно, в затвор преминале во исламска вера.

Информантот на полицијата на осомничените им се претставил како член на сунитска терористичка група и помогнал несудените терористи да бидат снимани со скриена камера за време на конспиративните средби. Тој им го подметнал и безопасниот имитат на експлозивен материјал.

Рабинот Розенблат вели дека спречениот напад нема да влијае врз неговата работа:

„Ние знаеме зошто сме овде и ја чувствуваме поддршката не само од нашата општина, туку и од сите во Њујорк“.



Автор: Томас Шмит/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска