1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите продолжуваат

Тим Асман28 декември 2007

Израел и Палестинците ќе продолжат со мировниот процес и покрај последните несогласувања околу новите планови за доградба на две израелски населби.

https://p.dw.com/p/ChO1
Олмерт и АбасФотографија: dpa - Report

По средбата на врвот и двете страни нагласија дека нема да преземат чeкори кои би го загрозиле мировниот процес. Претседателот на Палестинците Абас побара целосно стопирање на градбата на населбите, рече шеф преговарачот Саеб Ерекат. Разговорите добро поминале

„Средбата беше позитивна во однос на сите теми со акцент на барањето да се сопрат сите активности околу населбите и да се отворат затворените палестински институции во Ерусалим.“

Од израелска страна, портпаролот на премиерот Олмерт, Марк Регев истакна дека неговата земја има голем интерес мировните преговори да успеат.

По што Регев најави редица ветувања од израелска страна „Нема да се градат нови населби, нема да има проширување на населбите кои постојат, нема да се конфискува земја на Палестинците за изградба на населби и нема да се мотивираат луѓето за доселување во населбите.“

Но кратко потоа Регев го промени тонот. Прашан дали Изреал ќе се откаже од спорната градба на населбата Хар Хома Регев појасни „Мислам дека што се однесува до оваа тема и неколку други, двете страни се оддалечени во ставовите една од друга и потребно е многу да се работи. Позитивно од средбата е што двете страни изразија готовност да работат на проблемите и да најдат решение.“

Конкретна спогодба во однос на населбите на вчерашната средба не беше заклучена, но и двете страни се оптимисти, во очи престојната посета на американскиот претседател Џорџ Буш во регионот.

По средбата и палестинскиот преговарач Ерекат со позитивините аспекти од неа

„Постигнавме согласност да ги исполниме и нашите обврски, кои произлегуваат од мировниот договор и изјавата во Анаполис.“

На конференцијата во Анаполис и Израел и Палестинците постигнаа согласнст за почеток на мировни преговори со цел формирање палестинска држава уште наредната година. Засега по две преговарачки рунди сеуште не е постигнат позначаен напредок, но и двете страни се изјаснија дека имаат интерес преговорите да продолжат.