1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговори,но без предуслови

Горан Петрески7 јуни 2006

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски писмено го извести патријархот на СПЦ ,Павле,дека нема да го помилува Јован Вранишковски

https://p.dw.com/p/Addi
Фотографија: AP

Црковните кругови во Македонија се во очекување на реакции од Белград откако вчера македонскиот претседател Бранко Црвенковски негативно одговори на барањето на српскиот патријарх Павле.Ќе ги одмрзне ли СПЦ преговорите со МПЦ и покрај тоа што претседателот одби да го помилува Јован Вранишковски,услов што СЦП го постави за да продолжат преговорите меѓу двете цркви.Црвенковски,кој пред да го напиште писмото, се консултирал со врвот на МПЦ,му одговара на патријархот Павле деека давањето аболиција на Вранишковски би имало негативни последици врз интегритетот на темелните вредности врз кои почиваат секуларните држави.Наведува дека иако има право да го помилува Јован,нема да го направи тоа за да не го наруши владеењето на правото и автономијата на судската власт во Македонија.Се залага за продолжување на дијалогот меѓу двете цркви,но без предуслови кои не се поврзани со суштината на спорот.И позицијата на МПЦ е дека односите на двете цркви не треба да се поврзуваат со случајот Вранишковски.

-Преговарање да,разговорите можат да продолжат,но не и аболиција,рече портпаролот на Синодот ,владиката Тимотеј,а поглаварот г.г. Стефан изјави дека ќе бидат прифатени само искрените предлози кои ќе стигнат од Белград:

-Добро е што доаѓа предлог за продолжување на преговорите,зашто мислам дека само преку разговори можат да се надминат недобрите односи и пречките кои стојат на релација МПЦ и СПЦ.Само искрените и вистински предлози кои ќе дојдат од Белград ќе бидат прифатени од МПЦ.

За да се обноват релациите меѓу двете цркви,минатата недела српскиот патријарх побара помилување на Јован Вранишковски за затворската казна на која е осуден поради финансиски малверзации.Екс владиката Јован се одметна од Синодот на МПЦ во редовите на СПЦ во летото 2002,ја формираше т.н. Охридска архиепископија,која не е призната во Македонија.Оттогаш односите меѓу двете цркви,кои долго спорат за името и статусот на МПЦ,се целосно замрзнати.