1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преглед на германскиот печат

28 октомври 2004

Поголемиот број германски дневни весници денеска пишуваат за гласањето за новиот состав на Европската комисија.

https://p.dw.com/p/AcKI

Во весникот ”Ханделсблат” на таа тема читаме:

Европскиот парламент ја натера на повлекување новата комисија која ја предложи португалецот Жозе Баросо. Од борбата за власт во последниве неколку денови Европската Унија излегува подемократична. Баросо тешко го погоди одбивањето на неговите предлози. Тој уште пред да стапи на должноста го искоцка своето право на водство во институционалниот триаголник што го сочинуваат Комисијата, министерскиот совет и парламентот, пишува весникот Ханделсблат и продолжува.

Политичкиот земјотрес во Евроспакта унија нема брзо да стивне, бидејќи парламентот ќе бара нов тест на моќта откако однесе победа во првиот. Партиската политика сега ќе биде поизразена отколку порано. Тоа ”не” кое пратениците гласно го изговорија, ги погодува и шефовите на влади. Тие на идниот претседател на Комисијата му предложиле кандидати кои не се дораснати на европската политика. Вообичаното самоволие на шефовите на држави и влади во Европскиот парламент нема веќе шанси за успех. Парламентарната контрола функционира, констатира весникот Ханделсблат.

Весникот Зидојче Цајтунг пишува.

Баросо е тешко оштетен иако уште не ни стапнал на должноста. Доколку сака да продолжи со ова тој ќе биде оптеретен пет години. Да се покажеше независен и силен ќе го присилеше италијанскиот премиер Берлускони со помош на сојузничките шефови на влади да го сменат Бутиљоне. Во тоа не успеа и публиката со право може да се прашува со кои инструменти на власт ќе располага претседателот на комисијата во идните расчекори на интерес на шефовите на влади, констатира Зидојче Цајтунг.

Според весникот Тагесшпигел Баросо не е поразен.

Вчерашните случувања во Стразбур ги поместија односите на моќ во Европската Унија, но поинаку одошто тоа изгледа на прв поглед. Европа нема да падне во криза. Председателот на комисијата Жосе Мануел Баросо не е губитник. Тој мораше да ја повлече својата екипа, инаку парламентот ќе ја одбиеше. Но овој пораз кој е однапред спречен, Баросо ќе го направи посилен во разговорите за реконструкција на комисијата. Вистински губитници се националните влади, пред се оние чии кандидати ги предизвикаа недоразбирањата. Тие веќе неможат по свое наоѓање да избираат кадри за во комисијата, туку мораат да внимаваат тие да изгледаат стручно и политички уверливо. Европа сега има добри шанси да добие подобра комисија, заклучува Тагесшпигел.

Тагес цајтунг пак ќе напише:

Вака напната Европа никогаш досега не била. Беззабиот тигар, како што честопати се нарекува европскиот парламент

штотуку ги извлече своите канџи и со голем револт на претседателот на комисијата му ја покажа неговата граница. И Хозе Мануел Баросо се повлече. Брисел никогаш досега не привлекол толкаво внимание. Тоа е позитивниот аспект на Баросовото салто назад. Темната страна, пак е: хаотичниот избор на комисијата уште еднаш покажува колку е тешко да се

управува со Европа, констатира Тагес цајтунг.

Весникот Келнер штад анцајгер пишува. Европа се преврти на глава. Ниту службениците во Брисел ниту владите на земјите членки, туку пратениците се тие кои го имаат последниот збор. Пожелно е почесто да има вакво одмерување на моќта и силата во парламентот, порачува Келнер штад анцајгер.

Во Штутгартер цајтунг читаме.

Победата на комисијата и советот на 25-те влади е важна етапа на патот кон парламентаризација на Европската унија. Вчерашниот ден кој секако ќе остане запаметен, можеби не е добар за Жозе Мануел Баросо, но е сигурно добар ден за демократијата, заклучува Штутгартер цајтунг.