1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв самит под руско претседателство

13 јули 2006

Снабдувањето со енергија во светот, образованието, како и битката против заразните болести: тоа, покрај актуелните прашања на светската политка како Иран или Северна Кореја, се најважните теми на огиднашниот самит на групата 8. Средбата на претседателите на држави или влади на осумте водечки индустриски земји ќе се одржи за време на претстојниот викенд во Санкт Петерсбург. Русија за првпат ќе претседава н

https://p.dw.com/p/Ae07
Путин на светот ќе му ја покаже новата моќ на Русија
Путин на светот ќе му ја покаже новата моќ на РусијаФотографија: AP

� средбата:

Аеродромот во Санкт Петерсбург е затворен за три дена, бродскиот сообраќај во делови на Финскиот залив е стопиран, паркинзите се затворени: градот создаден пред 300 години од рускиот цар Петар Велики е во вонредна состојба. За сето тоа најмоќните на светот нема ништо да знаат: тие ќе се сретнат пред портите на градот во сјајната обновена палата на Константин, резиденција на рускиот претседател Владимир Путин. Тој има намера во својот роден град едно јасно да покаже: Русија се врати на светската сцена. Засилен со приходите во износи од милијарди преку бизнисите со гас и нафта, претседателот Путин темата снабдување со енергија ја постави на врвот на дневниот ред. Откако Кремљ во почетокот на годината во спорот за гас со Украина ги затвори славините,а тоа имаше влијание се до Западна Европа, ќе има потреба и од објаснување. Од своја страна Путин смета дека не бил разбран и му префрли на Запад дека кон Русија постапува со два аршина:

„Некои не посматраат со посебна призма, односно со предрасуди од минатото. Тие гледаат закана во силна Русија што сега повторно се гради. Некои се дури подготвени да не обвинат дека имаме амбиции за ново царство. Или, како што чувме неодамна, дури ни се префрла за енергетско уценување“.

Учесниците на Самитот во Санкт Петерсбург имаат намера да усвојат акционен план за глобална енергетска безбедност, односно за сигурно снабдување со енергија по поволни цени. Меѓутоа има една закачка: овој план е во согласност со светската ренесанса на атомската енергија, што пак за германската сојузна канцеларка Ангела Меркел е голем проблем. Германија како единствена земја меѓу Г8 одбива изградба на атомски централи. Бидејќи во групата осум владее приципот на консензус, ќе мораат да бидат земени во предвид германските двоумења. На еден друг аспект во врска со снабдувањето со енергија, непосредно пред самитот укажа и Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан. Имено, битката против сиромаштијата не може да функционира без струја:

„Повеќе од милијарда и пол луѓе живеат без каква и да е струја, додека многумина од оние што имаат пристап кон снабдување со струја се погодени од чести прекини поради недоволни капацитети. Без сигурно снабдување со енергија, овие луѓе долгорочно се осудени на сиромаштија.“

Битката против сиромаштијата во светот на овој самит не е експлицитно ставена на дневниот ред. Меѓутоа осумтемина нема да можат да ја избегнат темата, зашто пред една година во Глен Иглс договорија сеопфатно ослободуваење од долговите на најсиромашните земји што во меѓувреме треба да биде спроведено во дело. Јирген Хамелеле од Сојузот за развојна политика:

„На самитот во Глен Иглс беа преземени важни чекори. Но, сметаме дека се уште не се случи она што сакаме да го постигнеме. Затоа мислиме дека државите од Г8 се должни да ги стават на располагање годишните средства од 50 милијарди долари до 2010 за финансирање на развојот и развојната соработка. Затоа ја молиме г-ѓа Меркел да се заложи за нашите цели и уште сега да ги отвори патиштата за самитот во Германија наредната година“.

Два дена, осумтемина ќе разговараат во прекрасната мермерна сала на Константиновата палата и за актуелните прашања на светскста политика кави што се атомскиот спор со Иран или ракетните тестови на Северна Кореја. Ќе стане збор и за преговорите во СТО за либерализација на трговијата.

Во Санкт Петерсбург, малку може да се смета на протести од страна на критичарите на глобализацијата. Опозицијата во Русија веќе пред почетокот беше заплашена, а невладините организации, според спорниот закон се наоѓаат под лупата на Кремљ. Во градот се очекуваат само околу 2000 критичари. Ним им е дозволено да се соберат на блискиот фудбалски стадиони таму да распнат шатор. На еден остров на реката Нева.