1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прво реформа на Унијата, потоа проширување!

Силвера Падори20 јуни 2007

Членството во Европската Унија и НАТО и Косово беа во центарот на разговорите кои во Берлин денеска ги водеа македонскиот претседател Бранко Црвенковски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски

https://p.dw.com/p/AyS0
Фотографија: MIA

Македонскиот престедател Бранко Црвенковски во Берлин пристигна во исклучително значаен момент. Пред самитот во Брисел кога ќе се резимира работата на шестмесеното претседателство на Германија со ЕУ и каде се решава прашањето за Уставот и иднината на Унијата.Од исходот ќе зависи и наредното проширување, а со тоа и членството на Македонија во ЕУ што беше и една од главните теми на разговор на претседателот Црвенквски и неговиот придружник, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски со берлинските согооврници.Иако еднодневниот престој на шефот на државата има карактер на работна посета, пречекот во дворецот Белви каде се одвиваа разговорите со претседеталот Хорст Келер беше со сите државнички почести - црвен тепих, поздрав пред воена гарда, интонирање на химните на двете држави, потпис во златната книга на гостите, но и поздрав од група деца од Ев ропа меѓу кои и едно Гостиварчанче.

"

Нема дилеми дека Европската унија ќе биде способна за приопширување дури откако ќе бидат создадаени нови основи за соработка меѓу нејзините членки. Со ова се согласи и претседателот Црвенковски. Спротивно на ова, јас не оставам простор за сомневања дека сите земји од овој регион имаат една принципилена перспектива за членство. Зашто сите припагаат на Европа. Ова меѓутоа во ниту еден случај не значи дека же има автоматизам во приклучувањето - ни за Хрватска, ниту Македонија, а во никој случај останатите републики - подвлече за македонската програма на Радио Дојче веле претседаелот на Бундестагот Норбер Ламерт.

Тој го поддржа барањето на Претседателот Црвенковски ЕУ да си ги почитува преземените обврски и да продолжат започнатите процеси. Со тоа во периодот додека Унијата ги решава сопствените проблеми нема да се создае вакуум, и Македонија благовртемено би била подготвена. За оваа тема стана збор и на средбата со социјкадемократите Петер Штрук и Валтер Колбо. Таму беше истакнато дека до 2010 година, без или со европски реформски документ проширувањето е тешко замисливо. Социјалдемократите оптимистички, меѓутоа, се изјаснија за членството на Македонија во НАТО. Шансите за покана наредната година во Букурешт се добри - оцени Валтер Колбо кој околу незаобиколивата тема Косово вели:

"

Претседателот Црвенковски , Штрук и јас посебно подвлековме дека Македонија е еден анкер на стабилноста на Балканот. Го застапува решението на Ахтисари што е добро ни значајно”.

Инаку претседателот Црвенковски нагласил дека ситуацијата на Косово будно се следи. Со оглед на етничката структура, Македонија ќе реагира избалансирано и во најлош случај, доколку не дојде до решението кое го нуди претставникот на Обединетите нации.