1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први реакции на апсењето на Садам Хусеин

14 декември 2003

Германскиот канцелар Герхард Шредер со олеснување ја прими веста за апсењето на Садам Хусеин. Тој денеска веднаш му испрати и писмена честитка на американскиот претседател Џорџ Буш за успешната акција, во која се нагласува дека Садам му причинил невидени страдања на сопствениот народ и на целиот регион. Шредер на крајот додава дека се надевам оти апсењето ќе придонесе за стабилизирањето и обновата на Ира

https://p.dw.com/p/AcRU

к.

И шефот на дипломатијата Јошка Фишер и' честиташе на коалицијата предводена од Американците на апсењето на садам Хусеин. Тоа беше страшен диктатор и мора да се соочи со праведна казна, нагласи Фишер и додаде дека сега гледа шанси за намалување на теророт во Ирак и за подобрување на климата за обнова на земјата.

И неговите сопартијци, копретседателите на Зелените, Ангелика Беер и Рајнхард Бутикофер во заедничката изјава потенцираат дека станува збор за добра вест за ирачкиот народ, за целиот регион и за иднината на Ирак.

Апсењето на Садам Хусеин наиде на позитивно реакции и во меѓународната јавност. Така, британскиот премиер Тони Блер, кој беше меѓу првите кои дознаа за веста, нагласи дека со овој чекор е окончана ноќната мора за ирачкиот народ од можното враќање на стариот режим. Ова може да означи почеток на подобри времиња за ирачкиот народ - нагласи Блер.

И неговиот шпански колега, Хозе Марија Азнар, ја поздрави веста за апсењето, а шефот на дипломатијата Ана Паласио изјави дека станува збор за голем ден за човештвото. Страшната сенка на овој диктатор дефинитивно ќе нестане - нагласи Паласио.

А нејзиниот австралиски колега, Александер Даунер, нагласи дека апсењето на диктаторот носи потенцијал за менување на ситуацијата на теренот. И генералниот секретар на НАТО на заминување, Џорџ Робертсон, изрази уверување дека изградбата на демократијата во Ирак сега ќе може да напредува. Не постојат разлики, нити оспорувања околу целите на Рамковниот договор. Дилемите се околу приоритетите и начинот на реализацијата, пред се' на децентрализацијата на власта. Овој став го изрекоа меѓународните модератори на Втората тркалезна маса "Македонската интеретничка коалиција - прва година". Меѓународната заедница бара во следните неколку месеци опозицијата да ги редефинира своите ставови околу приоритетите во Рамковниот договор. ВО Маврово два дена власта и опозицијата разговараа за спроведување на Охрдискиот договор, во организација на Проектот за етнички релации. По средбата, Ганка Самоилова Цветаноска оцени дека не може да се постигне пратенички консензус околу легализацијата на Тетовскиот универзитет, за што парламентот утре продолжува со дебата.