Први германски реакции на холандското „не„
2 јуни 2005Реклама
Во првата реакција по холандското не за европскиот устав, кандидатката за канцелар на партиите на Унијата ЦДУ-ЦСУ Ангела Меркел изјави:
„Тоа значи дека конечно мораме да ги стесниме границите на Европа. Тоа значи дека мораме да ја окончаме огромната бирократија. Тоа исто така значи, дека не смееме да си играме со пактот за стабилност, туку еврото да го одржуваме стабилно„.
Министерот за надворешни работи Јошка Фишер пак, предупредува:
„Повеќе нешта зборуваат дека треба да влеземе во фаза на пауза, што ќе значи друг пат за проширената унија. Светот нема да не чека нас. Предизвиците пред кои се наоѓаме ние Европејците дома, како и улогата на Европската унија во надворешната политика, ќе бараат многу напори од нас„.