1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва средба Ливни Фајед

9 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDvb

Министерката за надворешни работи на Израел, Ципи Ливни, синоќа за првпат се сретна со новоизбраниот палестински премиер Салам Фајед. Како што е соопштено од нејзиниот кабинет, разговарале за ситуацијата на палестинските територии. Израелската влада претходно одлучи да ослободи 250 затвореници, припадници на движњето Фатах блиско до претседателот Махмуд Абас, во знак на поддршка во борбата против исламистите од Хамас кои го контролираат појасот Газа.