1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прва пресуда за аферата „Големо уво“

15 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ax7S

Денеска судот во Скопје ја изрече првата пресуда во аферата „Големо уво“ и нареди да им бидат исплатени речиси 100.000 евра на новинарите кои ја тужеа државата. Новинарите се незадоволни од висината на обесштетувањето и најавија жалба на пресудата.

Аферата „Големо уво“ потекнува од крајот на 2000-та година, кога Бранко Црвенковски, тогашен водач на опозицијата, обелодени стенограми на телефонски разговори на прислушувани политичари, новинари и дипломати.