1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Сабине Глинке

17 ноември 2010
https://p.dw.com/p/Q3g0
Фотографија: DW

Име: Сабине Глинке

Возраст: 30 години

Место на раѓање: Билефелд

Семејна состојба: омажена

Деца: две (близнаци)

Професија: воспитувачка

Образование: стручно средно образование со матура

Како го започнувам денот? Станувам, подготвувам појадок, ги облекувам децата, со автобус одам на работа.

Типично германски, според мене, е... бирократијата: насекаде молби и трчање.

Типично за мене е... што отсекогаш сум имала многу деца околу себе. Прво моите браќа и сестри, после на работа.

Моја најдобра особина е... мојата смиреност, трпеливост.

Моја најголема слабост е... чоколадото.

Во слободното време најмногу сакам... да пливам, да сум заедно со децата.

Мое омилено јадење е... пржени тестенини со пилешко месо од кинески ресторан.

Каква музика слушам? Во моментов - детски песни.

Би сакала да имам повеќе време за... домаќинството и за моето семејство.

Кога мислам на иднината... не размислувам толку далеку за иднината.

Моето животно мото е ... Секогаш размислувај позитивно, така се‘ успева.

Автор: Мехмед Смајиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска