1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Право или правда?

Драгослав Дедовиќ/ Александра Трајковска 1 март 2013

Трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг изрече ослободителна пресуда за генералот Перишиќ. Правото и правдата се’ повеќе се оддалечуваат едно од друго, смета авторот на коментарот Драгослав Дедовиќ.

https://p.dw.com/p/17oi9
Фотографија: Reuters

Сега Хаг ослободи и Србин! Оваа ослободителна пресуда се совпаѓа во редицата слични пресуди: на поранешниот шеф на бунтовниците на косовските Албанци Рамуш Харадинај, кој на крајот на ноември минатата година по вторпат беше ослободен од Трибуналот за воени злосторства на ОН во Хаг. Тој беше обвинет за злодела над Србите во граѓанската војна во 1998/ 99 година. Неколку недели претходно дојде и ослободителната пресуда за две воени лица, Хрвати, Анте Готовина и Младен Мркач, кои во прва инстанца беа осудени на 24 односно 18 години затвор. Двајцата поранешни генерали беа обвинети дека се одговорни за смртта на цивили и војници, кои веќе се предале, како и за прогонување на голем број Срби во 1995 година.

Но принципот, дека мора да се почитуваат правосилни пресуди, во отсуство на подобри алтернативи не треба да се менува. Меѓутоа на секој човек му е дозволено да го постави прашањето: Зошто овие пресуди од прва инстанца беа драстично поразлични? Или може ли пресудите во последна инстанца да се сфатат како политичка корекција на правната строгост од прва инстанца? Исто така дозволено е да се праша, зошто учесниците во војните од различно потекло во последно време така често се извлекуваат? Дали Трибуналот за воени злосторства на ОН за поранешна Југославија е преоптоварен?Дали дури и не е сосема независен од политичките интереси?

На западниот Балкан се слушаат различни теории на заговор. Хрватска со докажано протерување и убиство на Срби, во кое соделувале дури и советници на САД, не смеела во ЕУ, затоа нејзините генерали биле ослободени. Еден сојузник на НАТО во војната против Белград бил шефот на бунтовниците Рамуш Харадинај, а Западот не сака самиот себеси да се става под знак прашање. И сега Србинот Перишиќ?

Јасно: Белград бил налутен поради толкуте ослободителни пресуди, кога станува збор за злосторства на српските жртви. Затоа ослободителната пресуда за Перишиќ делува како порамнување во пресрет на наредната рунда тешки преговор со претставниците од Србија и Косово, кое во 2008 година со поддршка на важни западни земји прогласи независност од Белград. Освен ова би можело една дебата за смислата и безмисленост на Трибуналот за воени злосторства на ОН, која Србија ја иницирше пред Генерланото собрание на ОН, полесно да се осуети со едно ослободено српско воено лице.

Сето ова звучи заводливо, но е шпекулативно. Фактите можеби полесно може да се разберат од перспектива на жртвите. Ослободените господа се одговорни за страдањата на цивилите, кои ги наредиле, толерирале или за кои имале сознанија. Тие секако поседуваа различни компетениции на моќ и се нашле во различни воени ситуации, сличностите се впечатливи. Во нивната воена сенка умираа цивили, но Трибуналот не беше во состојба да ја докаже нивната вина. И второ: сите тројца во своите етнички групи се сметаат за јунаци, но за другите се личности кои поларизираат.

Значи Хаг нема одговор на овој факт. Нуту правен, ниту морален. Националистите во поранешна Југославија ќе чувстуваат потврда во нивниот одбивен став кон меѓународната праведност. Домашните судови нерадо ќе ја отвораат таа кутија. Семејставата на жртвите ќе почувствуваат уште поголема осаменост. Во нивните очи правдата и праведност во Хаг се’ повеќе се разидуваат. Тоа е опасен развој, оти насекаде на Западниот Балкан помладата генерација изрсна со митовите за жртвите и јунаците од деведесетите и со национализам разбирлив сам по себе. Тие веќе вака размисливаат: No justice - no peace.

Deutsche Welle Serbisch Dragoslav Dedovic
Драгослав Дедовиќ. автор на коментаротФотографија: DW/P. Henriksen