1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Православието и католицизмот на пат кон духовно единство

Исмет Кочан30 ноември 2006

Папата Бенедикт 16 и цариградскиот патријарх Вартоломеј први денеска потпишаа декларација во која искажаа готовност за духовно единство меѓу православниот и католичкиот свет

https://p.dw.com/p/Ac1I
Папата Бенедикт 16 и цариградскиот патријарх Вартоломеј први
Папата Бенедикт 16 и цариградскиот патријарх Вартоломеј првиФотографија: AP

Православната и католичката црква ќе се залагаат за остварување на духовното единство во христијанскиот свет,за што е неопходно развивање на меѓусебниот дијалог,стои меѓу другоот во заедничката декларација што денес по свечената литургија во патријаршиската црква Свети Ѓорѓи,посветена на заедничкиот светител Свети Андреја,во Истанбул ја потпишаа поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт 16 и цариградскиот патријарх Вартоломеј први.На крајот на литургијата во која патријархот Вартоломеј го нарече папата како постар брат од Рим,двајцата поглавари се фатија за раце,ги подигнаа нагоре и пред собраните верници ја манифестираа подготвеноста за заедништво.Со ова практично четиридмевната посета на папата Бенедикт 16 на Турција влезе во завршна фаза,бидејќи останува уште тој да се сретне со ерменскиот патријарх и претставниците на други религии и конфесии и Света Софија и утре да замине во Ватикан.Истанбулскиот дел од неговата посета ќе предизвика бурни реакции на официјална Анкара од која допрва се очекуваат коментари.На синоќешната миса за добредојде и на денешната литургија во црквата Свети Ѓорѓи се случи токму она што Анкара не го посакуваше:папата го нарече Вартоломеј први екумен на целиот православен свет,а забележително беше и што тој во неговите изјави неколкупати за двете цркви ја употреби формулацијата Римска и црква на Константинопол.