По риба со кондом
18 ноември 2016Реклама
Нема ништо невообичаено во сцената на која кубанските рибари фрлаат јадици во водите околу брегот на Хавана. Освен едно нешто: сѐ повеќе од нив користат кондоми како пловки за да го спречат тонењето на мамките на морското дно.
За рибарите на Куба, како и за многу други жители на комунистичкиот остров каде немаштијата и недостатокот на основни продукти водат кон креативни решенија, ова е решение за проблемот со јадиците кои тонат.
Благодарение на „кондом рибарството“ многу локални жители сега со леснотија успеваат да уловат по некоја Дорада или Црвеноперка и да си ја збогатат вечерата или да ги продадат во локалните ресторани.