1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По Мушараф владата мора да покаже ефикасност

Кај Кинстлер22 август 2008

При напад во Пакистан според последните податоци на властите убиени се најмалку 64 лица. Дали безбедносната ситуација во земјата излегува од контрола, откако Превез Мушараф најави оставка на функцијата? Коментар.

https://p.dw.com/p/F31M
Первез Мушараф најави оставкаФотографија: picture-alliance/ dpa

Ако владината коалиција во Пакистан воопшто и сметаше дека ќе може да ужива период на поштеда од критика, тој веќе е минато. И тоа токму неколку дена откако, го прослави досега најголем успех: оставката на неомилениот властодржец Первез Мушараф. Уште сега екстремистите на крвав начин и предочија, каде лежат вистинските проблеми на земјата. И тоа не само проблемите на Пакситан туку на целиот регион: Повеќе недели во провинцијата на северозапад на земјата владее вистинска војна: и тоа меѓу владините трупи и Талибанците.

Терор - тактитката на исламистите е јасна: со ваквите напади, што земјата ги доживеа изминатите денови не сакаат само да покажат мускули и да им демонстрираат на безбедносните сили „вие неможете да ја штитите вашата земја“. Тие сакаат да ја деморализираат војската и да ја принудат за се повлече од нивните области.

Што значи примирјето со Талибанцте, можеше да се посматра во минатото: тие се прегрупираат и се враќаат штом ќе исчезне војската, а во областите во кои владеат ја наметнуваат нивната претстава за „ислам од каменото доба“. Дотолку повеќе чекор на попуштање пред теророт би било погрешно решение. Но војската сама, долгорочно тоа не би можела да го спроведе.

За жал кај набљудувачите се повеќе се појавува неубаво чувство дека Пакистан сеуште вистински не се разбудил. Реакцијата на еден портпарол на владата го покажува токму тоа: тој препознава влијание од навдор при овој напад, рече тој. Пакистан очигледно сеуште не успеал да прифати дека е вплеткан во војна против теророт - и дека не ја води како претставник на западот или неомилените САД.

Дури откако земјата ќе сфати дека оваа војна ја води во сопствен интерес, има воопштио и можност да победи. Дека една демократски избрана владата токму тоа може да го посредува за својот народ, во тоа лежи и најголемата надеж во неа или очигледно, за жал и товар. Во деновите по оставката на Мушараф владата не остави впечаток на одлучност: кога неможе да постигне солгласност дали повторно да се вратат судиите кои Мушараф ги острани од функциите, како тогаш сака да се справи со Талибанците?

Навистина не е така дека Пакистан без Мушараф оддеднаж би бил целосно безпомошен и слаб но владата би требало колку што може побрзо да докаже дека во иднина не се заканува таква безпомошност и немоќ да се брани.