1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Појасот на Газа повторно гори

4 ноември 2006

Насилствата меѓу Израел и Палестинците кои во последниве денови повторно се разгореа продолжуваат и денеска . Израелската армија имено ја продолжи офанзивата во појасот на Газа .

https://p.dw.com/p/Ac1x
Израелски проектил уништи возило на припадник на Хамас
Израелски проектил уништи возило на припадник на ХамасФотографија: AP

Само во денешните судири загинаа 3 Палестинци меѓу нив двајца вооружени Палестинци. Еден Израелски војник е потешко повреден во денешната операција во и околу градот Бејт Ханун во северниот дел на појасот на Газа. Во големата офанзива во појасот на Газа која почна во средата досега се убиени 40 Палестинци.

Палестинскиот новинар Зафира Кахалуад, во интервју за израелското радио истакна дека ситуацијата е драматична , упатувајќи притоа еднакво драматичен апел:

„На палестинскиот народ му е преку глава од се‘. Сакаме решение, сакаме да јадеме, да дишеме сакаме мир.”

Најкрвав инаку беше вчерашниот ден кога беа убиени 17 Палестинци, најмалку половината од нив цивили.Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара реакција од Советот за безбедност на ОН. Во меѓувреме палестинските власти упатија и писмо до генералниот секретар на ОН , Кофи Анан да направи се што е во негова моќ и да изврши притисок врз Израел да ги повлече своите трупи од Газа . Анан изрази загриженост поради големиот број цивилни жртви и побара воздржаност од Израел. Неговиот портпарол Стефан Дураик истакна :

„Воените операции во населени места неизбежно предизвикуваат цивилни жртви , и во оваа операција веќе загинаа и беа повредени цивили , меѓу нив и жени и барем едно палестинско дете“