Почна средбата Меркел - Заев
17 мај 2018Се очекува билатералната средба да трае меѓу 20 и 30 минути. Темите на разговор не се соопштуваат, но се очекува да се разговара за спорот за името со Грција. Претходно, германската канцеларка имаше разговор и со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Таа средба се одржа веднаш по средбата меѓу македонскиот и грчкиот премиер.
Германската канцеларка пред неколку дена изјави дека мора да му се посвети внимание на Западниот Балкан:
„Потрошив многу време на тоа оваа недела - да го обезбедам мирот таму. Тој е многу кршлив. Без оглед дали гледате кон Косово, Србија, Босна и Херцеговина, дали гледате на спорот за името во Македонија, гранични конфликти тука и таму, дури и Словенија и Хрватска сѐ уште разговараат за своите граници. Мораме да го решиме сето тоа, за да не постои секогаш некоја тензија, која може во секој момент да пламне", рече Меркел.