1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Почнавме да преговараме“

15 март 2011

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, го обновија дијалогот власт-опозиција, во пресрет на предвремените избори. Опозицијата ги изнесе своите барања, власта подготвена на отстапки.

https://p.dw.com/p/R9T6
Од претходните средби на двајцата лидериФотографија: Petr Stojanovski

Премиерот Никола Груевски предложил роковник со исполнување на опозициските барања. Утре (среда, 16.03.) треба да се избере претседател на ДИК, и Комисија за проверка на избирачките списоци, предводена од опозицијата, која за две недели би ја завршила контролата на бројот на електоратот. Би следувало и одлагање на пописот за октомври, враќање на опозицијата во Парламентот и одлука за негово распуштање на 31 март. Со таква динамика, вонредните избори би се одржале кон крајот на мај. За владејачката партија не се прифатливи идеите за одмрзнување на сметките на медиумските фирми поврзани со случајот “Пајажина“, брифираше пратеникот на владеечкото мнзинство Илија Димовски, кој не беше присутен на денешното соочување на лидерските тимови на неговата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој одбегна да прецизира дали за измените на Изборниот законик, што би се гласал утре во Парламентот, има согласност од Ахмети. Но, извори на СДСМ тврдат дека двочасовната пауза во днешните реобновени разговори власт-опозиција, Груевски ја побарал меѓу другото и за дополнителни консултации со челникот на ДУИ.

Wahlen in Mazedonien
Се` поизвесно е дека изборите ќе се одржат пред летотоФотографија: AP

„Почнавме да преговараме“, кусо и попатно коментираше лидерот на СДСМ Црвенковски, кој на почетокот од средбата ја повтори познатата агенда за враќање во Парлементот. За време на стартните рзаговори, дополнително се приклучил и мнистерот за правада Маневски, што се толкува како обид на власта да ги специфицира барањата на опозицијата за итни промени во изборниот закон, по кој за првпат ќе гласа и дијаспората. Неизвесно останува дали ќе се воведат етничките квоти, по 4 пратеници за Турците и Србите и по два за Ромитите.

Натамошните чекори во договор со останатите партии

Во меѓувреме ДПА бара ново прекројување на шесте изборни единици, со што Албанците би ја зголемиле својата квота во идниот парлемент за четворица до петмина пратеници. И за опозициската Нова демократија владините предлози на изборните правила не се прифатливи. Не е извесно дали по билатерланите разговори Груевски - Црвенковски, за време на викендот би се одржала и лидерска среба, на која ќе присуствуваат и Ахмети, Тачи и Селмани.

Останува отоворено прашањето за рамноправно и рамномерно финансиско распоредување на средствата во медиумската кампања и за владините рекламни проекти, но ВМРО-ДПМНЕ е расположена за време на изборниот период да ги сопре владините кампањи на популаризација на проектите што се финасирани од буџетотот и што се дел од остварувањата на кабинетот на Груевски.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев