Почина Џин Вајлдер
30 август 2016Реклама
Иако се прослави со улоги во комедии, Џин Вајлдер инсистираше дека тој не е комичар. Роден е во Милвоки на 11 јуни 1933 како Џером Силберман. Неговиот татко беше руски емигрант, а мајка му имаше полско потекло. Кога имал 6 години, неговата мајка преживеала срцев удар по кој останала делумно парализирана. Наскоро започнал да импровизира комични скечеви за да ја развесели.
Во последните три години, Вајлдер боледувал од Алцхајмерова болест.