Почина таткото на Рајанер
4 октомври 2007Реклама
Основачот на ирската компанија за евтини летови, Рајанер, Тони Рајан почина на возраст од 71 година по долга болест. Рајан ја основаше компанијата во 1985 година. Тогаш Рајанер имаше еден авион со 15 седишта. Денеска, компанијата е најголема од ваков вид во Европа, и годишно пренесува околу 50 милиони патници.