1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина Ибрахим Ругова

21 јануари 2006

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова почина на возраст од 61 година.

https://p.dw.com/p/Ac9c
Ибрахим Ругова
Ибрахим РуговаФотографија: dpa - Bildfunk

Смртта на претседателот Ругова ја потврди неговиот портпарол Хамити. Косовскиот претседател починал кратко пред пладне во кругот на неговото семејство во резиденцијата во Приштина. Ибрахим Ругова беше страсен пушач и боледуваше од рак на белите дробови.

Странските медиуми ја пренесоа веста истакнувајќи дека починатиот косовски претседател беше пример за многумина косовски Албанци во борбата за независност на покраината, меѓународно ценет политичар, а некои го нарекуваа и Ганди на Балканот. Од март 2002 година тој беше претседател на Косово.

Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, по веста за смртта на Ругова ги повика политичките лидери на Косово на итен состанок. Приштинскиот тим за преговори за идниот статус на Косово, за денеска околу 17 часови најави дека ќе има посебно соопштение за смртта на претседателот на Косово Ибрахим Ругова.