1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина британската тв-миленичка Џејд Гуди

МИА/Т.Т.23 март 2009

Ѕвездата на британската верзија на „Големиот брат“ Џејд Гуди, мајка на две деца, почина од рак на грлото на матката на 27-годишна возраст.

https://p.dw.com/p/HHXh
Посредна и искрена - Џејд ГудиФотографија: AP

По образование забен техничар, Џејд славата ја стекна со учество во популарниот тв реално шоу во 2002 година. Првично исмевана во медиумите поради слабото образование, таа подоцна стекна наклонетост кај широките народни маси поради својата посредност и искрен говор.

Популарноста оваа млада жена умееше добро да ја претвори во пари, така што веќе во 2007 година нејзиното богатство е проценето на неколку милиони фунти.

Иако во еден момент престана да биде медиумска миленичка, поради расистичките коментари за ѕвездата на Боливуд, Шипли Шети, Гуди ја врати љубовта на масите кога откри дека е тешко болна.

Случајно откриена болест

Болеста - рак на грло на матка, е констатирна во август минтата година, кога како учесничка на индискиот „Голем брат“, отишла на лекарски преглед.

И покрај лечењето во Велика Британија, лекарите набрзо констатираа оти болеста се проширила, зафаќајки го меѓу останатото и црниот дроб и оти не може да се излечи.

Џејд одлучи од таа трагеија да извлече максимална корист - на британските медиуми за 1,4 милиони долари им го продаде правото да ја фотографираат и да ја снимаат последната недела од нејзиниот живот, со синовите и со сопругот Џек Твид, за кого се омажи минатиот месец. Таа појасни оти тоа го прави со цел да им обезбеди што повеќе пари на своите синови. Меѓутоа, јавното презентирање на нејзината борба против ракот на грлото на матката натера многу жени, посебно млади девојки, да извршат лекарски прегледи за рано откривање на овој вид рак, клучно за неговото успешно лекување.