Почина американскиот актер и оскаровец Ернест Боргнин
9 јули 2012Неговиот претставник за јавност, Хери Флин, изјави дека актерот починал во болницата „Седар-Синаи Медикал центер“, а со него било неговото семејство.
„Боргнин почина во болница во Лос Анџелес, каде во вторникот замина на
лекарска контрола“, изјави Флин.
На американската публика најпознат и‘ е по улогата на тв серијата „МекХејлс нејви“ (McHale's Navy) и „Ервулф“ (Airwolf), а познат и по улогата во серијата „ЕР“ (за улогата на Пол Менинг номиниран е за наградата Еми), како и по улогите во филмовите „Дванесетмината жигосани“ („The Dirty Dozen“), „Бегство од Њујорк“ („Escape From New York“) и Гатака ( „Gattaca“), а во прв ред по улогата во филмот „Марти )„Marty“ за кој во 1955 година доби и Оскар за најдобар актер.
Боргнин е добитник и на Златниот глобус и наградата БАФТА, а познат е по
многубројните и значајни улоги.
За неговиот придонес во филмот е поставена и негова ѕвезда на холивудскиот
Булевар на славните, а во 1996 година е примен во Куќата на славните вестерн
актери.
Негов последен поголем филмски проект беше „Ред“ во кој се појави заедно со Брус Вилис, Морган Фриман, Џон Малкович и Хелен Мирен.