1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на летото со пеколни температури

ЕМФ
21 јуни 2017

Летото во Германија почнува со температури до 37 степени. Се предупредува од невреме и пожари, но тоа на граѓаните не им пречи во слободното време да уживаат во секоја „топла“ минута.

https://p.dw.com/p/2f54m
Sommer in Sachsen
Фотографија: picture-alliance/dpa/S.Kahnert

Светската метеоролошка организација (ВМО) предупредува од горештини во голем дел од светот. Во Шпанија во јуни се урнати многу температурни рекорди, на пример во Гранада - 41,5 степени Целзиусови, или во Мадрид - 40,1 степен. Од Пакистан стигнуваат информации за 54 степени во градот Турбат.

Неверојатно жешко е и во Германија. Температурите до 37 степени се поднесуваат со престој покрај вода, многу сладолед и ладно пиво. Оние кои мора да работат имаат навистина лоши карти во ракавот. Еве каков е почетокот на летото:

Летен пекол