1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пофалби од ЕУ за Ирска

АТ/ ројтерс2 јуни 2012

Ирска го одобри Фискалниот пакт на Европската унија и на европските кризни политичари им заштеди нови главоболки. Европа реагираше со олеснување.

https://p.dw.com/p/156pm
Фотографија: AP

Според официјалните резулатити објавени на 01.06., 60 проценти од Ирците гласале за договорот, кој треба да обезбеди поголема буџетска дисциплина во Европа. Ирскиот премиер Енда Кени изјави дека Ирците испратиле силна порака дека земјата сериозно работи на надминување на економските проблеми. Имено „Не“ од Ирска  ќе предизвикаше  уште поголема вознемиреност во еврозоната, која секако во моментов се бори со ескалирачките проблеми со банките во Шпанија и неизвесната иднина на Грција со еврото. Непосредно по објавувањето на резултатите од референдумот премиерот Кени се заложи за решавање на проблемот со банките во Европа.

Резултатот од референдумот во Ирска беше поздравен ширум Европа. Претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Баросо оцени дека Ирска направи голем чекор во правец на економско опоравување на земјата и своето место во срцето на еврозоната. Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој и претседаталот на Европскиот парламент Мартин Шулц исто така најдоа пофални зборови за Ирците. Шулц подвлече дека тоа е важен ден за Ирска и за Европската унија. Германската канцеларка Ангела Меркел реагираше со олеснување и оцени дека одобрувањето на пакетот во Ирска е важен чекор на патот за долгорочна стабилизација на унијата.

Ирска е единствената земја во еврозоната, во која граѓаните на референдум беа повикани да одлучуваат за европскиот Фискален пакт.