1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пофалби за руските реформи

14 октомври 2010

Германскиот претседател Кристијан Вулф на средбата со шефот на Кремљ, Дмитри Медведев, го пофали курсот на модернизација и ја повика Русија да го зајакне цивилното општество.

https://p.dw.com/p/Pe1e
Кристијан Вулф и Дмитри МедведевФотографија: AP

Срдечен тон, долга средба: германскиот претседател Кристијан Вулф помина пет часа со својот руски колега Дмитри Медведев во Кремљ. Тој ги пофали напорите на Медведев за модернизација на земјата, од економијата до државните структури. Иако не беше кажано, можеше да се насети - на Вулф повеќе му се допаѓа курсот на Медведев отколку оној на Путин, со кого тој исто така се сретна. Германскиот претседател понуди подршка од својата земја за Русија онаму каде е потребна и пожелна. Тој постојано ја потенцираше блискоста: „Во Русија се присутни повеќе од 6400 германски фирми со бројни инвестиции. Тука се гигантите ’Дајмлер Бенц’ и ’Фолксваген’, но и многу мали и средни по големина претпријатија, кои овде ја презентираат културата и одговорноста на претприемништвото.“

Dossierbild Tryptychon Bundespräsident Wulff Russland 1
Германскиот и рускиот претседател и нивните сопругиФотографија: picture-alliance/dpa

Вулф ова го изјави пред 550 студенти на економија на државниот универзитет во Москва. На одличен германски јазик тие му поставуваа прашања за енергетската политика, германското обединување и сакаа да дознаат кои се разликите меѓу германските и руските млади луѓе. Прилика Вулф да укаже на слободата на мислењето и демократијата во Германија: „Знам дека овде постои скепса, поради настаните од 1990 до 2000 година, но моите искуства велат дека демократијата не е исто што и нередот и нестабилноста, туку барањето најдобар пат различните мислења на најдобар начин да се обединат во една целина.“

Bundespräsident Christian Wulff in Russland
Вулф: пофалби за рускиот курс на модернизацијаФотографија: picture-alliance/dpa

Правото на собирање и на демонстрации, независно судство, силна опозиција и слободни медиуми се претпоставките за функционирачка демократија, истакна Вулф. Германскиот претседател се информираше за дефицитите во граѓанските права при средбата со руските активисти за човекови права, кои ги покани во германската амбасада.

Автор: Нина Веркхојзер/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска