Потребна е промена на курсот
13 јули 2006Соединетите Американски Држави се наоѓаат во војна против тероризмот. Американскиот претседател Џорџ Буш тоа постојано го повторува. Американските граѓани во секојдневјето не гледаат многу од тоа ако не се најавуваат напади, на пример врз тунелот во Њујорк, или за апсењата во Мајами кога една група наводно соработувала со терористи на Ал Каеда. Авторот Чарлс Пења сепак вели:
„Заканите од Ал Каеда стануваат се полоши. Тоа е решавачкото и затоа оваа војна против тероризмот нема да ја добиеме„.
Од тие причини Чарлс Пења напиша книга во која бара нова стратегија. Неговиот колега Кристофер Прибл, надворешно-политички експерт на независниот институт Като, вели:
„Многумина стручњаци за едно се согласни: постои поврзаност меѓу американската моќ и готовноста таа моќ да се ограничи со терористички напади против САД„.
Прибл и Пења им припаѓаат на водечките сили на коалицијата за пореална надворешна политика. Тие пледираат САД да размислат за нивната улога во светот. За разлика од нео-конзервативците кои сакаат светот да го сменат кон подобро со сила, реалистите бараат ограничување кон она што е вистински интерес на САД. Чарлс Пења накусо вака формулира: САД не мораат да го решат конфликтот на Блискиот исток. За ова наоѓа потврда и во проценката на експертот за тероризам Питер Берген кој смета дека кон Ал Каеда добро би функционирала стратегија на задушување, како порано против комунизмот:
„На тој начин би се изолирале нивните сфаќања. Влегувањето во Ирак беше спортивност, зашто преку тоа се прошири болеста. На тој начин ја направивме Ал Каеда популарна„.
Само со војска битката против тероризмот не може да се добие, смета Пења и затоа е потребна промена на курсот:
„Мораме одново да ја ориентираме нашата надворешна политика. Мораме да сфатиме дека тоа што луѓето не мразат е поврзано и со нашето присуство во светот. Мораме да се прашаме дали мораме да бидеме видливи во сите подрачја во светот. Мојот одговор гласи: не. Меѓутоа, за САД тоа е тешко прифатливо„.