1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребна е крајна претпазливост

12 ноември 2007

Еднострано прогласување на независност на Косово,без вклучување на другите актери во регионот ќе создаде повеќе проблеми отколку предности-предупредува Лале Акгин, политичарка на германската Социјалдемократска партија.

https://p.dw.com/p/CAWs
Лале Акгин „Косово не е осамен остров на Балканот“Фотографија: SPD

Можното прогласување еднострана независност на Косово на 10 декември , според мислење на пратеничката од турско потекло во германскиот парламент , Бундестагот , Лале Акгин може повеќе да му наштети на општиот концепт за поранешна Југославија одошто да му помогне.

Пратеничката од редовите на Социјалдемократите во интервју за ДВ дури стравува од можни нови вооружени судири и ситуацијата вака ја оценува :

„Ситуацијата ја оценувам како многу тешка . Верувам дека еднострано прогласување независност без вклучување на другите актери во регионот, притоа не мислам само на Србија туку и на Македонија , БиХ, но и на Албанија ќе создаде повеќе проблеми одошто олеснувања. Поради тоа секогаш одново ја искажувам својата скепса и препорачувам крајна претпазливост. Верувам дека Косово не е остров на Балканот , туку дека Балканот треба да се посматра како целина и така и да се третира.

Интересите на една група не треба да се стават пред интересите на друга

Лале Акгин инаку заменик ополномоштеник за европски прашања од редовите на Социјалдемократите добро ја познава ситуацијата на Балканот. Таа на оние што доаѓаат од надвор им советува секогаш да имаат на ум дека актерите на Балканот меѓусебно подобро се познаваат одошто дојденците. Затоа што тие со векови живеат заедно си ги знаат слабостите но и силните страни. Тоа е едната работа а другата е можноста секоја интервенција однадвор да се инструментализира од актерите на лице место. Лале Акгин е свесна за опасноста што во себе ја крие едностраното признавање на Косово пред се за соседна Македонија но и за Албанија и предупредува од наивност . Според нејзе важно е на иста маса да се соберат сите актери . Интересите на една група не смеат да се ставаат пред интересите на другите , истакнува пратеничката од турско потекло во Бундестагот Лале Акгин укажувајќи на последиците што од такво однесување би можеле да произлезат за сите.