1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребен е заеднички израелско-палестински план за мир

26 март 2007

Кондолиза Рајс и Бан Ки Мун се на турнеја на Блиски исток

https://p.dw.com/p/AdsL
Кондолиза Рајс
Кондолиза РајсФотографија: AP

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, од Израелците и Палестинците побара да им дадат нови импулси на разговорите за мир во регионот со заеднички идеен план. По одвоените разговори со палестинскиот претседател, Махмуд Абас во Рамала и израелскиот премиер, Ехуд Олмерт во Ерусалим, Рајс изрази оптимизам околу можноста за напредок. Со Олмерт денеска околу можностите за постигнувaње мир во регионот, разговара генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки Мун. Тој вчера веќе имаше средба со палестинскиот претседател, Абас, по што изјави: ”Претседателот Абас и јас разговаравме за тоа колку е важно излраската влада да преземе мерки за исплата на палестинските финансиски средства, да ги олабави блокадите, да ги урне нелегалните населби и да ја запре изградбата на ѕидот во палестинските подрачја. На такви чекори денеска ќе го охрабрам премиерот Олмерт.”