Потврдена шампионската титула на Раиконен
17 ноември 2007Реклама
Возачот на Ферари, Кими Раиконен останува шампион во Форумула еден за годинава. Комисијата за жалби на Меѓународната автомобилска федерација, ФИА го одби као неоснован, приговорот на тимот на Мекларен мерцедес во врска со наводното прекршување на правилата од страна на Бе ем ве и Вилјамс на последната годинешна трка за големата награда на Бразил. Доколку жалбата беше прифатена, возачите на овие два тима Кубица и Розберг ќе беа дискфалификувани и така шампион ќе станеше пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон.