1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постојано одлагање на проблемот не е добро

Нада Штајнман12 јануари 2007

Дали сегашната мисија на посредникот на ОН, Метју Нимиц, е решение на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција околу името? Предлозите на Нимиц обично носат нзненадувања - гласи мислењето на познавачот на Балканот, Ханц Јирген Акст, професор на универзитетот во Дуизбург.

https://p.dw.com/p/AdZz
Атина
АтинаФотографија: Bilderbox

Професорот Хајнц Јирген Акст, и покрај ставот дека предлозите на Нимиц носат изнандувања, во сегашната посета на посредникот на ОН сепак не гледа нова мисија. Повеќе смета дека е ова обид да се одговори на барањето на Грција да и се помогне од страна на меѓународната заедница за да се одстрани преостанатиот отпор по ова прашање во земјата. Инаку, Грција ги променила своите ставови во врска со спорот околу името, откако на власт дошол Симитис. Професорот Акст смета дека сега за Грција е поважно да има стабилен сосед на север одошто да се занимава со симобли и да се оптоварува со национални и националистички симболи. Затоа, тој е скептичен во однос на иницијативата на македонската влада - аеродромот во Скопје да се преименува во Александар Велики : “Мислам дека во овој момент не е особено умно да се аргументира со симболи. Национално ориентираната политика на сегашната влада можени е насочена кон внатрешнио политичко расположение, но за Македонија е поважно да не го загуби приклучокот ко н ЕУ. “

Јирген Акст во интервјуто за нашата програма истакнува дека Грција ја поддржува соседна М акедонија во процесот на европеизација. Тој додава :“Знаеме дека симболите во рацете на политиката можат постојано да го попречуваат развојот на настаните.“ Неговиот предлог да се најде решение за името е тоа да се направи преку тајна дипломатија, а не преку голема бучава во печатот. Професорот од Диизбург предлага за време на преговорите на Македонија со ЕУ да се најде решение во спорот околу името . На обете страни би требало да им биде јасно дека пред финалниот договор за членство на Македонија ќе мора да се најде решение.

Иако е добар познавач на проблематиката професорот, Ханс Јирген Акст не знае што конкретно ќе донесат сегашниве преговори на посредникот на ОН, Нимиц во Атина и Скопје. Тој знае дека Европската Унија има сопствени проблеми со уставот и со финансиите, но сепак како можен реалистичен термин за решавање на спорот на името смета: “Има многу камења на сопнување на патотот што Македонија ќе го оди до ЕУ и тоа не зависи само од Македонија . ЕУ има објективни проблеми, но среднорочно сметам дека по 5, 7 или 8 години ќе треба да се изнајде решение. Двете страни знаат добро дека не треба да го одлагаат решавањето на прашањето околу името.