1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постигнат договор за финансискиот план на ЕУ

ЖА/дв/дпа/ртре 27 јуни 2013

Државите на ЕУ и Европскиот парламент уште од февруари спорат околу планот за буџетот. Договорот конечно е постигнат: идниот седумгодишен буџет ќе изнесува 960 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/18xUw
Фотографија: Reuters

Повеќемесечниот спор околу европскиот буџет е надминат. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска (27.06) објавија успешен крај на преговорите за идниот седумгодишен буџет на Унијата (двајцата се на насловната фотографија). Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2014 - 2020 е договорена и европскиот законодавен дом наскоро ќе ја усвои истата која пред два месеци ја одби по усвојувањето во Советот на ЕУ. Се работи за сума од 960 милијарди евра што претходно ја договори Советот со земјите-членки, но ја одби ЕП.

„Овој политички договор меѓу Претседателството на Унијата и Европскиот парламент е клучен за иднината на европскиот буџет, посебно што истиот има поддршка и од земјите-членки кои го изгласаа на 7 и 8 февруари оваа година. Многу е важно што идниот седумгодишен буџет на ЕУ е договорен на неколку часа пред почетокот на Самитот на Европскиот совет каде сега ќе можеме да се фокусираме на прашањето за обезбедување на работни места за младите лица“, изјави претседателот на ЕС, Херман ван Ромпој.

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел ги повика сите вклучени да го надминат спорот околу европските финансии. Во Бундестагот Меркел пледираше за Европа на стабилност и развој: „Економскиот раст и буџетското консолидирање не се спротивности, напротив, тие се условуваат  меѓусебно“.

Таа најави поголеми напори пред се‘ во борбата против невработеноста кај младитево Европа.