1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последни подготовки во очи новите преговори за името во Њујорк

Александар Чомовски 30 октомври 2007

Македонија и Грција не отсатпуваат од своите позиции во спорото околу името. Пред новата средба, преговарачите ги добија последните инструкции.

https://p.dw.com/p/ByEg
Министрите Милошоски и БакојаниФотографија: MIA

Пред обновените преговори во Њујорк околу спорот со името, Скопје и Атина настапуваат со непомирливи позиции. Македонија не отстапува од двојната формула, уставно име во меѓунардната заедница, а во билатерланите односи Грција може да одбере свој алтернативен избор за иметот.

Последни подготовки пред новата средба

Амбасадорите Димитров и Василикис ги добија последните инструкции од своите влади за наредната средба со Метју Нимиц. Македонското раководство е пред ризичен избор – или да ја прифати позитивната порака од Грција за ервоатлатнските позиции или да биде непопустлива за името. Оваа изјава грчката министерка Бакојани, ја даде по средбата на грчкиот државно - владин врв и доаѓа по интервјуто на македонскиот шеф на дипломатијата за весникот „Елефтерос Типос“.

Ако за грчката влада прашањето за името е политичко, за мојот народ тоа е национално прашање, рекол Милошоски за грчкиот весник.

Скопје стравува потајно од европска поддршка за Грција?

Властите во Македонија сепак потајно стравуваат од ефектите на последната грчка офанзива, особено меѓу приврзаниците во ЕУ, и не веруваат во вето, но стравуваат од поддршката на официјалници во Брисел и можноста спорот од билатерален и во седиштето на ОН, да не биде префрлен во рамките на ЕУ.

Од друга страна Грција во сенка на косовската разврска не би сакала да има несигурна граница со Македонија. На тоа потесетува и министерот Милошоски. За 16 години од македонската независност, нема ниту еден инцидент меѓу Грција и Македонија од безбедносен карактер, рекол шефот на македонската дипломатија за грчкиот весник.

Единство по прашањето за името

Околу спорот за името во македонскиот национален блок сепак има консензус „Досега сите отстапки беа од страна на Република Македонија, ве упатувам на промената на знамето, ве упатувам на амандманите со кои што беше збогатен уставот.“ вели Илинка Митрева поранешен министер за надворешни работи во претходната влади на Црвенковски и Бучковски.

„Треба да се има в предвид пошироката политика на САД кој Југоисточна Европа. Тие сакаат следната година, да биде година на успех за Балканот, односно Македонија, Албанија и Хрватска да добијат покана за членство во НАТО, да се реши статусот на Косово“ оценува македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски. Тој беше шеф на кабинет на поранешниот претседател Трајковски, кој пак беше познат по неговите лични односи и контакти со американскиот претседател Џорџ Буш.

Економските односи се добри

И покрај политички замрзнатите односи меѓу Скопје и Атина, грчките компании имаат големи инвестиции во Македонија во последниве пет години, а во последнава година се зголемува и мало – граничниот промет и соработка собено транзитниот туризам во градовите кон границата со Грција.