Последните сега се први во Новата година
31 декември 2011Со бучна прослава жителите на Самоа први на Земјата ја дочекаа Новата 2012-та година. Самоа во четвртокот ноќта ја смени временската зона.
Пацифичката островска држава во последните 119 години се наоѓаше во источната временска зона која е 11 часа зад централното европско време.
Со владина одлука земјата да се префрли во западната зона, направен е скок од 24 часа напред, што во пракса значеше дека петок 30 декември во Самоа годинава не постои.
Но, затоа пак жителите на Самоа од последни, станаа први кои влегоа во Новата година.
Граѓаните на новозеландскиот главен град Велингтон и други региони на земјата пак имаа баксуз при преминот во Новата година: поради обилните врнежи од дожд и невремето беше откажан новогодишниот огномет. Повеќе среќа имаа жителите на Оукленд, илјадници луѓе уживаа во величенствениот огномет.
Во австралиската метропола Сиднеј се собраа повеќе од еден милион луѓе во заливот на полноќниот огномет кој годинава се одржа под мотото „Време за сонување“.
Во Хонг Конг на полноќната прослава со светлечки ракети присуствуваа околу 400 илјади луѓе.
На Филипините пак и покрај предупредувањата и безбедносните мерки околу 200 лица беа повредени при новогодишните свечености од илегални петарди и пиротехнички средства, при што во најголем број случаи се работи за деца.
Во цел свет милиони луѓе во различно време, но со исто нетрпение и надежи ќе ја дочекаат Новата година.
Автор: ЖА АТ/ /дпа/ ард
Редактор: Александра Трајковска