1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Последна пречка до финалето

7 септември 2009

Германската женска фудбалска репрезентација денеска игра во полуфиналето на Европското првенство во Финска против екипата на Норвешка. Доколку избори место во финалето, таму ја чека Англија.

https://p.dw.com/p/JU0b
Германските репрезентативки во славје по постигнат голФотографија: AP

Уште една победа и германските фудбалерки повторно ќе играат во финалето на ЕП во фудбал. Тоа не звучи нереално, зашто Германките се шесткратни европски првенки и бранителки на титулата. Тие на ЕП првенства немаат претрпено пораз веќе 12 години или 24 натпревари.

Сите очи вперени во Инка Грингс

Inka Grings Deutschland Italien EM 2009
Инка Грингс постигнува Гол против ИталијаФотографија: AP

Покрај тоа во натпреварите во групи германската репрезентација славеше со убедливи 4:0 против Норвешка. Значи ќе биде лесно?

Одбранбениот играч Анике Кран негира: „Полуфиналето мора прво да се одигра. Ние ни од далеку не сме се квалификувале во следната рунда. Сметам дека ако го искористиме нашиот потенцијал, ќе влеземе и во финалето. Но, мораме да го искористиме нашиот потенцијал.“

Потенцијалот во моментов се вика Инка Грингс, која е и фудбалерка на годината во Германија. Во Финска таа досега ги потврди нејзините неверојатно квалитети со четири голови во четири натпревари. Само во четврт-финалето против Италија постигна два. „Сметам дека Норвешка со сигурност ќе биде мотивирана, зашто во разигрувањето по групите загуби од нас и изгледаше остави многу лош впечаток. Тие се’ уште имаат нерасчистени сметки со нас. Но, ние го вртиме погледот кон нашата игра, а не кон противникот“, истакнува Инка Грингс.

Без повредената Ариане Хунгст

Во полза на Норвешка мора да се каже дека поразот во групата против германската репрезентација на крајот испадна поголем отколку што можеше да се претпостави според случувањата на теренот. Имено вториот, третиот и четвртиот гол паднаа дури по 89 минута. Натамошни аргументи за Норвешка: четвртфиналната победа против фаворитот Шведска и фактот дека токму Норвежанките беа тие кои успеаја да им земат бод на Германките на едно ЕП, во 1997 на домашен терен.

Frauenfußball EM 2009 Finnland
Првиот дуел со Норвешка на првенството заврши со 4:0 за ГерманкитеФотографија: AP

И покрај досегашниот стопроцентен биланс на ова ЕП, сојузниот селектор Силвија Најд мора да се справи со еден голем проблем. Имено шефицата на одбраната Ариане Фрингс тешко се повреди на натпреварот со Италија, така што турнирот за неа заврши. Местото на Хунгст во одбраната ќе го преземе Соња Фус. Без оглед дали сега ќе успеат да влезат во финалето или не, претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Тео Цванцигер останува обожувател на германските фудбалерки: „Знам дека екипата има голема шанса да се пласира во ова полуфинале. Но, се разбира може и да загуби. И тоа не е драматично, зашто девојките досега имаат остварено навистина многу за Германија. Јас секогаш велев: ’победуваме заедно’. Досега најчесто и го правевме тоа. Но, ние и губиме заедно, ако се случи тоа. Но, сега не верувам во тоа. Јас всушност сум уверен дека тие сега имаат голема шанса да влезат во финалето“, истакна Цванцигер.

Автор: Тобијас Елмајер / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска