Последна надеж за изневерените од власта
11 април 2011„Во 2009 и 2010 година имаше енормен раст на бројот на жалби од граѓаните. Лани до нас пристигнаа единаесет отсто повеќе претставки од претходната година. Тоа покажува дека во Република Македонија се` уште се бројни повредите на правата на граѓаните. Од друга страна, може да се сфати дека граѓаните се повеќе имаат довреба во институцијата Народен правобранител и бараат од него заштита“, вели Мемети.
Не престанува кршењето на човековите права и слободи
„Сме констатирале 987 повреди на човековите права и слободи. Во 791 случај биле прифатени нашите мислења, сугестии, интервенции.“
Омбудсамнот се соочи со бојкот и притисок од некои институции
Македонија го држи неславниот рекорд по бројот на преставките во регионот, според бројот на жителите . Омбудсманот Мемемти признава дека во 2010 година се соочиле со тивок бојкот и притисок од одредени институции :
„Се` уште има институции и одделни сектори кои не само што не соработуваат со нашата институција, туку го доведуваат во прашање квалитетот на нашата работа, односно ја попречуваат нашата работа, што е за критика “.
Таков е примерот со Второстепените комисии во владата и други инстутиции, кои од вкупно 886, не одговориле на 170 барања.
Во време на економска криза и извршителите често ги кршат човековите права, тврди Мемети. Не може на едно семејство, кое прима социјална помош, или инвалидска пензија, банката да му ја блокира сметката, наместо да му запре до една третина од примањата при извршување, како што налага законот.
Свежи пари од ИПАР фондовите на ЕУ за напредок и квалитет
„Народниот правобранител во Република Македонија доби понагласени надлежности во заштитата на правата на децата и на лицата со посебни потреби , формираме посебен тим за нивна заштита. Како последица од Рамковниот договор, формираме посебно одделение за заштита од дискриминација, соодветна и правична застапеност.“
Од неодамна оваа институција стана и национален превентивен механизам против мачење и друг вид нечовечко однесување во местата, каде што лицата се лишени од слобода.
Редактор: Трајче Тосев