Последен настап на Кофи Анан
20 декември 2006Атмосферата на неговата последна прес-конференција релативно опуштена. По десет години Кофи Анан билансира и уште еднаш го искористи подиумот да побара решавање на кризата во Дарфур:
„Не можам доволно да ја подвлечам итноста на ситуацијата која секојдневно се влошува. Од регионот бегаат оние што помагаат, секој ден умираат луѓе и ќе умрат во уште поголем број ако итно не се подобри ситуацијата„.
Авганистан, Иран, Ирак, Кипар, реформите на Обединетите нации, сканадлот во проектот нафта за храна: за еден час Анан уште еднаш ги претстави големите теми од тој период од негов аспект.
Меѓу најтешките моменти за Анан е неможноста на Обедиентите нации да ја спречат војната во Ирак, како и скандалот нафта за храна. Тој се пожали дека скандалот беше искористен за организацијата да се стави во ќорсокак:
„Кога историчарите подоцна ќе се навратат кон ова време, мислам дека ќе речат: да, имаше погрешен менаџмент и некои соработници беа замешани. Но, сканадлот беше во главните градови и кај 2 илјади и 200 фирми кои правеа дил со Садам Хусеин„.
Тој уште еднаш подвелече дека Обединетите нации се неизбежна организација:
„Треба да се запрашате ако веќе ги нема Обединетите нации кој ќе зборува за сиромашните и слабите. Кој ќе ја координира помошта во некое следно цунами? Кој испраќа трупи за заштита на слабите и беспомошните? И кој треба да ги храни бегалците во Дарфур и во други региони?„
На прашањето кој шеф на држава му оставил најголем впечаток во изминатите десет години, Анан одговори дипломатски:
„Сите имаат свои квалитети„.