1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Португалскиот пакет за штедење ја губи поддршката

АТ/ дапд/ дпа/ ртр14 септември 2012

Широката поддршка за пакетот за штедење во Португалија е во прашање. Опозицијата се заканува со откажување на поддршката, откако според анкетите паѓа популарноста на владејачката партија.

https://p.dw.com/p/168nc
Фотографија: picture-alliance/dpa

Што ја разликува Португалија, од останатите држави погодени од еврокризата како Грција, Шпанија или Италија? Во Лисабон владее еднинство околу прашањето, дека треба да се штеди и пред се’ каде да се штеди - барем вака беше досега. Сега најсилната опозициска партија очигледно има намера да ја повлече својата поддршка за централно десничарската влада. 

Шефот на Социјалистичката партија Антонио Сегуро имено најави дека ќе гласа против нацрт буџетот за 2013 година. Тој во телевизиски говор се закани со парламентарно изгласување недоверба. Социјалистите ги критикуваат плановите на владата да ги покачи социјалните давачки за сите работници.

Минатиот петок португалската влада ги објави плановите според кои социјалните давачки на работниците треба да се покачат од 11 на 18 проценти. Сегуро рече сака да стори се’ за да спречи „владата да им земе пари на работниците и истите да ги стави на рапсолагање на претпријатијата“.

Новата самодоверба на социјалистите се совпаѓа со резултатите од последните анкети, според кои социјалдемократите на премиерот Педро Пасос Коељо се пласирани на второ место зад социјалистите. Освен ова меѓународните донатори, Европската унија и  Меѓународниот монетарен фонд во вторникот на Португалците им дозволија поголема временска рамка за намалување на  долговите.