1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поројни дождови и поплави ја погодија Австралија

АТ/ афп/ дпа29 јануари 2013

Австралија и натаму се бори со временските екстремни ситуации. По големите пожари, поплави забрзано се движат кон југот на земјата. Илјадници луѓе се во привремени сместувалишта.

https://p.dw.com/p/17TJo
Фотографија: AFP/Getty Images

На околу 700 километри крајбрежје жителите и спасувачките екипи се борат против најдодените водени маси. Поплавите на австралиското источно крајбрежје речиси насекаде имаат разурнувачка моќ. Поројните дождови кои паѓаат со часови доведуваат до излевање на реките, додека на отворено море беснее бура. Насипите се рушат, улиците се разрушени. Војската сега се обидува да пружи помош и да спаси што може да се спаси.

Четири лица досега го загубија животот. Во Квинсленд повеќе од 160.000 домаќинства се без струја. До градот Бундаберг може да се стигне само преку воздушен мост. Таму многумина ги игнорираа повиците за да се засолнат. Сега се отсечени сите патишта.

Шефот на владата Кемпбел Њуман ги повика сите останати жители да се качат на покривите за да можат да бидат спасени со хиликотпер. „Стравуваме дека куќите ќе бидат откорнати од своите фундаменти и дека ќе ги однесе водата“, изјави тој за телевизијата СкајЊус.

До доцна во ноќта 14 хиликоптери спроведуваа спасувачки акции. Тие извлекоа повеќе од 1.000 жители, меѓу нив и пациени во една болница.

Во милионскиот град Бирсбејн во Квинсленд и појужната сојузна држава Нов Јужен Велс е подигнат највисок сепен на тревога.