Пораст на невработеноста во Германија
3 јануари 2013Пазарот на труд во Германија лани ја доживеа најдобрата година по 1994, но на крајот потпадна под влијнаието на општиот тренд во европски рамки, предизвикан од кризата. Во Сојузната агенција за труд, според денешните информации (03.01.2013), информираат дека во декември без работа биле пријавени 2,84 милиони луѓе. Тоа се 88 илјади повеќе отколку во ноември и 60 илјади повеќе отколку пред една година. Стапката на невработеност се зголеми на 6,7 проценти.
„Трагите на влошување на економската ситуација се видливи“, изјави денеска претседателот на сојузната агенција за труд Франк Вајсе. Според него зголемувањето на невработеноста во декември е честа појава, но оваа година е поголема од вобичаено. Влошувањето на состојбата на пазарот на трду започна во јули. Со ова ситуацијата во Греманија сепак е многу подобра отколку во останатите европски земји.
Вчера, пак, Сојузната служба за статистика, спротивно на ова, информираше дека бројот на вработени во 2012. бележи зголемување од 416 илјади луѓе, или еден процент повеќе од претходната година. Податоците за состојбата на пазарот на труд се пресметувани според меѓународна споредбена дефиниција и не одговараат на бројките кои, според друга метода, ги соопштува Сојузната агенција за труд.