1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Порасна бројот загинати во сообраќајката во Албанија

ЖА/АТ/миа22 мај 2012

Бројот на загинатите во автобуската несреќа, што вчера попладне се случи кај албанското приморско гратче Химара се искачи на 14 лица.

https://p.dw.com/p/14zvx
Фотографија: Fotolia/Bernd S.

Доцна синоќа во Воената болница во Тирана почина една од тешко повредените студентки, а денеска во остатоците од уништениот автобус е пронајдено тело на уште една жртва.

Во тешка состојба, според лекарите од болницата, се уште три девојки, кои се во кома. Девет од поврдените се во одделот за интензивна нега, додека другите се во добра здравствена состојба.

Студентка која беше префрлена на лекување во Американската болница во Тирана изјави дека возачот не конзумирал алкохол и не покажувал знаци на замореност или здравствени проблеми.

Педесет и шестгодишниот возач, кој загина во несреќата, имал десет годишно искуство, а претходно бил спортист.

Со одлука на албанската влада денес воАлбанија е ден на национална жалост. На сите државни инситуции и јавни установи националното знаме е спуштено на половина копје.