Баратели на азил
24 јануари 2012Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ јавува дека речиси 46 илјади луѓе побарале азил во Германија во 2011-та година. Тоа е околу 11 проценти повеќе одколку во 2010-та и највисока вредност во последните осум години.
Барателите на заштита во Германија доаѓале пред се од муслиманските земји, како Авганистан, Ирак или Сирија. Особено голем бил порастот на баратели на азил од Пакистан.
Значаен удел во порастот имале илјадници српски Роми, кои преку барањето азил сакаат да останат во Германија. Министерот за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих за весникот изјави дека многу баратели на азил од Србија очигледно не може да се сметаат за прогонувани бегалци. Нивните барања затоа по брза постапка се одбиваат.
Според „Зидојче цајтунг“, голем број бегалци доаѓаат преку турската граница во Грција и потоа заминуваат кон Германија, каде поднесуваат барање за азил.
Автор: СН/ АМ/ дпа/ дапд
Редактор: Александра Трајковска