1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Порака на надеж

Карл Завадски10 октомври 2008

Можеме да ја совладаме меѓународната финансиска криза, ако работиме брзо и решително. Ова е пораката на директорот на ММФ, Доминик Штраус - Кан. Тој нуди ММФ да биде координатор и советник во надминување на кризата.

https://p.dw.com/p/FXP8
Штраус - Кан нуди помошФотографија: picture-alliance/dpa

Директорот на ММФ, Штраус - Кан, не нуди само помош, тој упатува порака на надеж: во втората половина од идната година конјуктурата во индустриските земји ќе заживее, ќе има подобрување и на финансиските пазари. Но, ова е можно само со меѓународно координирана и решителна борба против финансиската криза. Штраус- Кан е дециден: финансиската криза не може да се совлада на национално ниво.

Со тоа во игра е ММФ. Во него се обединети индустриските, земјите во развој и неравиените. Од денеска до в недела (12.10.2008) министрите за финансии и директорите на емисионите банки на сите овие земји ќе дискутираат за неговата понуда во рамките на годишното заседание на Фондот. Во ММФ не се работи само на надминување на актуелната криза, туку се размислува и за тоа што натаму. Штраус - Кан вели дека најлошо би било ако по кризата се рече: можеме повторно да се вратиме на старата секојдневна работа. Од кризата мора да биде извлечена лекција. Навистина постои тешка ситуација, економските прогнози за 2009 не се добри. Но, може да се реши проблемот, ако се делува брзо.

Превенција од кризи

Експертите од ММФ работат веќе на превенцијата од кризи. Мора да биде заострено регулирањето на финансиските пазари, дерегулацијата која потекна од САД беше грешка и причина за кризата. Финансискиот надзор мора да биде зајакнат. Генерално, треба да гласи правилото: танцот на финаниската бранша околу златното теле не смее да се повтори. Тука во прва линија не е одговорен само финансискиот сектор, туку политиката. Таа треба да постави правила, а ММФ може да служи како инспиратор и координатор.

Опасност за третиот свет

Lebensmittelknappheit Armut Symbolbild
На милиони луѓе им се заканува гладФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Претседателот на Светската банка, Роберт Целик, пак укажува на проблемите на третиот свет. Државите од овој регион се помалку погодени од финансиската криза, отколку индустриските, но и кај нив се чувствуваат последици. За нив тие се фатални, зашто веќе страдаат поради поскапувањата на храната и нафтата. Бројот на недоволно исхранети и гладни во третиот свет се зголеми на 44 милиони луѓе. Ако финаниската криза се прошири во овој дел од светот, за милиони луѓе ќе биде вистинска катастрофа.



►◄




Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема