1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска-се подготвува формирање влада

24 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bw54

Полскиот иден премиер Доналд Туск сака да ги подобри односите на својата земја со Германија и со Русија.По седницата на партиското претседателство на Граѓанската платформа,тој изјави дека се надева на добра соработка со полскиот претседател Лех Качински.Тој е брат близнак на досегашниот премиер Јарослав Качински,чија партија Право и правда ги загуби парламентарните избори во неделата.Туск најави подготвителни разговори за формирање коалициона влада со Партијата на земјоделците.