1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полошо отколку што се веруваше

28 мај 2010

Во Мексиканскиот залив истекла повеќе нафта од претпоставуваното, е сознанието на американскиот геолошки институт. Концернот „Бритиш петролеум“ се надева на успех во операцијата „Топ кил“, која вчера била прекината.

https://p.dw.com/p/Nb6v
Фотографија: AP

Нафтата и натаму истекува во Мексиканскиот залив, на концернот „Бритиш петролеум“ досега не му успеа да го затвори изворот со помош на кал. Напротив, концернот вчера дури цели 16 часови ја прекина процедурата на испумпување кал на морскотот дно, a за тоа не бил информиран ниту американскиот претседател Барак Обама. Од концернот информираат дека биле премногу ангажирани околу нафтениот извор и немале време за прес-конференции, изјави менаџер на „Бритиш петролеум“. Во моментов повторно се испумпува кал на местото на изворот на нафтата, за потоа да биде зациментиран.

Flash-Galerie Ölpest Eindämmung
Несогледливи еколошки последициФотографија: AP

Истекува многу повеќе нафта

Во меѓувреме, Геолошкиот иститут на САД пресмета дека од изворот во Мексиканскиот залив истекнува многу повеќе нафта отоколку што се сметаше досега. Не 800 илјади, туку најмалку 1,9 милиони литри истекнуваат секој ден во последните пет недели во морето. Според ова, по хаваријата на платформата во Мексиканскиот залив истекла речиси двојно повеќе нафта, отколку по катастрофата на нафтениот танкер „Ексон Валдез“ пред брегот на Аљаска во 1989 година.

Претседателот Обама истакна дека ове е една од најтешките нафтени катастрофи во историјата на САД и најави дека во наредните шест месеци ќе бидат стопирани сите дупчења за експлоатација на нафта во Мексиканскиот залив и нема да бидат издавани дозволи за нови ископувања.

Обама под притисок

Сепак, критиките кон американскиот претседател и натаму се зголемуваат. 53 проценти од Американците сметаат дека Обама не го има под контрола кризниот менаџмент, туку режијата му ја препушта на „Бритиш петролеум“, наместо да ангажира и други концерни. Во меѓувреме, преземни се првите политички консеквенции, отпуштена е директорката на американската институција одговорна за доделување на дозволите за црпење нафта, бидејќи постоеле укажувања дека била потплатена од нафтените концерни.

Flash-Galerie Ölpest Eindämmung
Фотографија: AP

Американскиот претседател Обама денеска по вторпат ќе отпатува во кризиниот регион. Во Луизијана лично ќе ги согледа размерите од најголемата нафтена катастрофа во американската историја.

Автор: Ралф Зина/ Зилке Хаселман/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска