1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицијата трага по над сто германски неонацисти

15 март 2012

Во Германија според медиумите, во тек е потрага по повеќе од сто десничарски екстремисти поради кривични дела. Против 7 неонацисти постои дури и меѓународна потерница.

https://p.dw.com/p/14L3H
Фотографија: dapd

Поради недостапност на десничарските екстремисти, налозите за апсење не можеле да бидат извршени, известува весникот „Зиддојче цајтунг“ од Минхен повикувајќи се на одговорот на сојузната влада на прашање на Партијата на левицата. Во бегство се пред се‘ неонацисти во поголемите западни германски покраини.

Во весникот објавуваат дека на почетокот на годинава на листата за потрага стоеле имиња на 160 неонацисти, 37 само во Баварија и по 29 во Баден Виртемберг и северна Рајна Вестфалија. На полицијата и‘ успеало апсење на 46 од бараните десничарски екстремисти. Во делата за кои се гонат спаѓаат не само употреба на насилство, подбуцнување на народот или „Хитлеровски поздрав“, туку и измами, кражби или деликти во врска со дрога.

Deutschland Symbolbild Neonazis Springerstiefel Neonazi-Untersuchungsausschuss im Bundestag
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кај 50 од вкупно 160 на листата барани десничарски екстремисти на почетокот на годината во налогот за апсење стоело политички десно ориентирано кривично дело. Во вторникот полицијата во широка рација во четири покраини против десничарската сцена уапси 24 лица, меѓу нив и членови на десничарката партија НПД.

Во настојувањето за нејзино забранување, министрите за внатрешни работи на сојузот и напокраините вчера се усогласија кон можен решавачки чекор-повлекување на инфилтрираните доушници на службата за заштита на уставот од водечките редови на НПД. Конечната одлука за тоа треба да биде донесена на 22-ри март. Првиот обид за забрана на партијата во 2003-та година пропадна токму поради агентите во врвот на НПД. Нов поттик за забрана на партијата беше откривањето есеноска на неонацистичката група од Цвикау која извршила десет убиства-девет луѓе со мигрантско потекло и една полициска службеничка.

Автор: Жа/СН/дв/дпа

Редактор: Симе Недевски