Полицијата се обидува да се доближи до граѓаните
29 септември 2006Реклама
Во македонскиот парламент денеска на пленарна седница се расправа за законот за полиција. Опозицијата најавува повлекување на поддршката за законот поради тоа што во собранието како што тврди е предложен текст со амандмани, сосема спротивен од текстот за кој таа дала поддршка за време на лидерската средба кај премиерот Никола Груевски. И додека политичарите го кројат и прекројуваат новиот закон за полиција, додека на него партиите, владата и опозицијата се обидуваат да добијат поени, во реалноста, во секојдневието истата таа полиција се обидува да му застане на патот на криминалот и да се доближи до граѓаните.