1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Покана за дијалог

Јулија Бернсдорф/ Александра Трајковска 20 март 2012

Дојче веле нуди можности за размена на мислења преку своите понуди на страниците на DW.DE, на Твитер, Фејсбук и на други платформи. Ве молиме притоа почитувајте ги нашите правила.

https://p.dw.com/p/14O8l
Фотографија: picture-alliance/dpa

Придаваме големо значење на отворен и пријателски соживот, исполнет со почит. Ве молиме да го задржите пријателскиот и објективен тон во дискусиите и ако избие спор за одредена тема. Прифатете го мислењето на другите и воздржете се од лични напади.

Однесувајте се кон другите корисници онака, како што сакате да се однесуваат кон Вас.

Одбегнувајте постојано користење на големи букви. Ве молиме исто така да одбегнувате повторување на интерпункциски знаци (како на пример ????? или !!!!!)

Ако во Вашите прилози цитирате други членови, Ве молиме внимавајте соодветно да ги одбележите. Доколку користите цитати на познати личности, би требало да го наведете авторот. Доколку објавувате содржини кои се авторски заштитени, уверете се дека ги имате правата за тоа. Ако не сте сигурни, откажете се од користењето на тие цитати. Ова се однесува и на фотографии, видеа, музика итн.

Расистички, порнографски, сексистички, ксенофобични, дискриминирачки или навредливи содржини ќе бидат отстранети. Тоа се однесува и на прилози или материјали кои повикуваат на насилство или се со агитаторска цел. Ве молиме откажете се од било какви политички апели. Провокативни и подбуцнувачки коментари (Trolling, Flaming) не се дозволени.

Deutsche Welle Relaunch neues Logo
Фотографија: DW

Верижни писма (упатени на повеќе адреси истовремено), „џанк“ и „спем“ е-пошта, реклами и секакви содржини од комерцијална природа, исто така не се дозволени. Тие ќе бидат веднаш избришани.

Дојче веле го задржува правото да ги блокира или и да ги пријави корисниците кои постираат вакви содржини.

Објавување на лични информации, како адреси или телефонски броеви, не е дозволено. Содржини на приватна електронска пошта или пораки од трети лица не смеат да се објавуваат без нивна согласност.

Водете сметка и за тоа, Вашите коментари секогаш да се во тесна врска со темите понудени од нас. Од интерес за сите е да се избегнува натрупување на содржини кои не се однесуваат директно или индиректно на тие теми.

За да се одбегне предолго време на симнување (даунлодирање), внимавајте Вашитe аудио и видеоматеријали да не бидат подолги од десет минути, а ПДФ документите да немаат повеќе од 5 страници.

За да ги користите и коментирате програмските понуди на Дојче веле, не е потребна регистрација. Дојче веле го задржува правото да избрише или отстрани коментари. Тоа се однесува и на коментари кои немаат врска со новинарските содржини понудени од нас.

Користењето на нашата рубрика за коментари или учествувањето во нашите социјални платформи како Фејсбук, Твитер и слично, значи дека ги прифаќате овие правила на Дојче веле.

Ви посакуваме добра забава и интересни дискусии!