1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивни факти за стопанството во ЕУ

7 ноември 2006

Стопанството во Европската унија полека добива на брзина. Европакста комиисја за оваа година очекува највисок економски растеж од 2000-та година наваму.

https://p.dw.com/p/AeKK
Жоакин Алмунија ги соопштува позитивните вести
Жоакин Алмунија ги соопштува позитивните вестиФотографија: AP

2006 година за економијата во државите на Европската унија е посебно добра. Европската комисија својата прогноза за порастот уште еднаш лесно ја коригира нагоре: 2,8 проценти на ниво на Унијата, 2,6 во зоната на еврото. Германија, со очекуваниот пораст од 2,4 е за малку под просекот, но и тука очекувањата повторно се подигнати нагоре. Особено е важно зголемувањето на домашната побарувачка, вели евро-комесарот за монетрана политика Жоакин Алмунија. Со добрите стапки на пораст, во повеќето држави значително се подобри и ситуацијата на државните каси. Новиот германски долг, според проценките на комисијата, годинава ќе изнесува 2,3 насто, а во наредната само уште 1,6. Со тоа Германија уште еднаш ќе остане под границите на мастришкиот критериум за дефецит , а според зборовите на Алмунија тоа ќе го направи и Франција:

„Во Германија и Франција се постигна дефицитот повторно да биде донесен на ниво под 3 проценти. Тоа е мошне добро, откако дефицитите три до четири години беа преку тоа„.

Алмунија не сакаше да се изјасни кога ќе биде прекината постапката за дефицитот против Германија започната во 2003 година. Тоа ќе се случи дури кога ќе бидат познати конкретните податоци за 2006. Веројатно, за време на првото полугодие кога Германија ќе биде претседавач на Унијата. Инаку, изгледите за идната гоидна не се толку розови. Во Германија растежот би можел да падне на 1,2 проценти. Причина за тоа е и планираното зголемување на данокот на додадена вредност за три поени. Овој чекор би можел да влијае и врз стапката на инфлацијата на ниво на Европската унија, вели Алмунија:

„И поради зголемувањето на данокот на додадена вредност во Германија, во наредната година стапката на инфалцијата во просторот на еврото и на ниво на целата Унија ќе остане над границата од два насто. За 2008 нашата прогноза гласи дека инфлацијата ќе изнесува 2 процента, но на просторот на еврото, под тоа„.

Брисел смета дека очекуваното заладување на конјунктурата во Германија е временски ограничено. Во 2008 веќе може да се смета на растеж од два процента. Притоа е значајно дека порастот во Кина и во другите азиски тигри ќе има позитивно влијание врз светската економија. Во САД за 2007 се очекува пораст од само 2,3 насто. Меѓутоа, Европа не треба многу да се грижи како порано:

„Нашите модели велат дека ова слабеење во САД нема да има влијание врз Европа. Скокот базира врз многу силната побарувачка на внатрешниот пазар„, оценува Алумнија.

Тоа ќе има и позитивно влијание и врз пазарот за работа: Брисел очекува стапката на невработеност во Германија од сегашните 9 ипол во 2008 да се спушти на 7,8 проценти.